Ливерпул со нова титула во фудбалската Лига на шампионите (порано Куп на шампионите) може да избие на третото место на листата на прваци. Реал Мадрид води со 12 титули, втор е Милан со седум, а по пет имаат Ливерпул, Барселона и Баерн. Со осмото финале, пак, Ливерпул се израмнува со Барселона, а на оваа листа води Реал со 16, потоа следуваат Милан со 11, Баерн со 10, Јувентус со девет итн.