ПСЖ го победи Ливерпул синоќа во натпревар од петтиот круг од групната фаза на Лигата на шампионите. Овој пораз беше трет за англискиот тим на гостински терен.

Така Ливерпул за првпат во историјата ги загуби сите три натпревари од групната фаза одиграни на теренот на противникот.

Претходно „црвените“ беа поразени од Црвена ѕвезда (2:0) и од Наполи (1:0).

И покрај трите порази, Ливерпул има шанса со победа над Наполи во последното коло да ја помине групата.