Вкупно над 5,6 милијарди евра потрошиле европските клубови од петте најсилни европски првенства (Англија, Шпанија, Франција, Германија и Италија) во летниот преоден рок за ангажман на нови фудбалери, објави британскиот дневен весник „Гардијан“. Според весникот, до 31 август биле направени 1.173 трансфери, во Англија вкупно за две милијарди евра, во Шпанија за 1,83, во Италија за 1,5, во Франција за 1,19, а во Германија за 1,01 милијарда евра. Преодниот рок треба да заврши денеска.