Германската фудбалска репрезентација нема по убаво да го памти првото издание на новото натпреварување на УЕФА – Лигата на нации. „Панцирите“ во конкуренција на Холандија и Франција завршија последни во групата и испаднаа од А-лигата.

-Ова натпреварување е едно ново искуство за нас. Мораме да извлечеме поука од него и да се вратиме посилни – изјави селекторот на Германците, Јоаким Лев.

Неговите избраници синоќа во Гелзенкирхен одиграа 2:2 со Холандија и покрај водството од 2:0. Тоа беше петти натпревар по ред на кој Германија не победила, што е најлоша низа по онаа во 1979 година кога имаа шест врзани меча без триумф.