Полскиот фудбалер Роберт Левандовски е на добар пат да стане најдобриот стрелец во Европа за 2019 година (голови за клуб и за репрезентација), бидејќи засега води пред ланскиот победник Лионел Меси, потоа Рахим Стерлинг и Килијан Мбапе, на неколку меча пред крајот на годината, објави УЕФА. Левандовски, кој лани беше трет, годинава постигна 51 гол на 54 средби (не се сметаат пријателските мечеви) за Баерн и за Полска.

Втор е Меси со 46 гола на 54 натпревари за Барселона и за Аргентина, Стерлинг има 38 погодока на 55 дуели за Манчестер сити и за Англија, Мбапе постигна 36 гола на 43 средби за ПСЖ и за Франција итн. Меси лани победи со 51 гол на 54 меча, една година пред тоа Хари Кејн со 56 погодока на 52 дуела итн.

На листата на УЕФА за претходните 10 години најмногу голови меѓу победниците имал Меси во 2012 година, 91 гол на 69 натпревари.