Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус и ќе го пропушти натпреварот на Португалија во рамки на Лигата на нации против Шведска в среда.

Според Португалската фудбалска федерација (ПФФ), напаѓачот на Јувентус „се чувствува добро, нема симптоми, но е во изолација“.

Останатите во португалската репрезентација добиле негативни резултати, откако денеска беа тестирани и се на располагање за натпреварот од групата А3 во Лисабон.

Во понеделникот Роналдо објави фотографија со својот тим околу долга маса за време на оброк, со натпис: „Обединети, на и надвор од теренот“.
ПФФ во изјавата додава: „По позитивниот случај, преостанатите играчи беа подложени на нови тестови во вторникот наутро, сите добија негативен резултат и му се на располагање на Фернандо Сантос за попладневниот тренинг“.