Според анализата, фудбалерите на Јанг бојс постигнувале гол во рок од 10 секунди по
изведувањето на слободниот удар секои 277 минути и тоа е најдобриот резултат во мерењата во 31 домашно првенство во Европа

Новиот првак на Швајцарија, Јанг бојс, е тимот што најдобро ги користи слободните удари, најчесто од сите во Европа постигнувајќи гол во рок од 10 секунди по изведувањето на ударот, покажа анализата на Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) од Швајцарија.
Според анализата, фудбалерите на Јанг бојс постигнувале гол секои 277 минути и тоа е најдобриот резултат во мерењата во 31 домашно првенство во Европа. Во најдобрите пет првенства (Италија, Шпанија, Франција, Англија и Германија) најдобра на оваа листа е Џирона со 318 минути, пред Јувентус со 354 и Шалке со 360 минути.

Најголемата позитивна разлика меѓу постигнати и примени вакви голови ја има Барселона (осум постигнати, еден примен, плус седум), пред Тотнем и Рен (двата тима плус шест). Само Арсенал и Вердер сезонава не примиле гол 10 секунди по изведените слободни удари.
Хофенхајм (322 минути), пак, ја предводи листата меѓу второлигашите од петте фудбалски најсилни земји. Втор на оваа листа е Овиедо (341 минута), а трет е Квинс парк ренџерс (346 минути).