Одбранбениот фудбалер на француската репрезентација Лорен Кошчелни најверојатно ќе паузира шест месеци и ќе го пропушти Светското првенство во Русија заради повреда на Ахиловата тетива, соопшти денеска менаџерот на Арсенал Арсен Венгер.

Кошчелни се повреди на реваншот против Атлетико Мадрид во рамки на Лига Европа.

Венгер уште додаде дека Кошчелни е „неизмерно тажен“ заради повредата.