Поранешниот тренер на Челзи, Антонио Конте, ќе поднесе тужба против лондонскиот клуб поради едностраната одлука при раскинувањето на договорот со него.

Италијанскиот стручњак беше отпуштен на 12-ти јули, а на неговото место Челзи веднаш го ангажираше Маурицио Сари.

Конте смета дека раководството на клубот го прекршило договорот и по судски пат ќе бара да му се исплатат девет милиони фунти за последната година од договорот.

Тој смета дека поради периодот кога е отпуштен нема да може да најде ангажман за оваа сезона и инсистира со компензација од Челзи да ги покрие финансиските загуби.

Конте во лондонскиот клуб дојде во 2016 година и ја освои Премиер лигата и ФА купот.