Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, пред финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед, изјави дека и самиот пласман на завршниот дуел од ова натпреварување што неговиот тим го обезбеди втора година по ред е големо достигнување.

– Голем успех е за моите играчи и за навивачите што втор пат по ред сме во финалето. Очекуваме многу тежок натпревар со Манчестер Јунајтед. Убаво би било да ја завршиме тешката сезона со освојување на трофејот. Тоа многу ќе ни значи на сите во клубот, како и на навивачите. Ние сме фокусирани на оваа задача. Ова е многу важно натпреварување, најстариот фудбалски турнир во светот. Не знам каква игра ќе видиме, но, несомнено, тоа ќе биде многу тежок дуел за двата тима.

Финалето во ФА купот меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед ќе се игра попладне од 18 часот и 15 минути на „Вембли“ во Лондон.