Според анализата на ЦИЕС, на 35 првенства (први и втори лиги) во Европа, просекот на прваците бил 57 отсто посед на топката во победничките сезони, а Манчестер сити, Баерн и Селтик се единствени со над 67 отсто

Сите 70 прваци во 35 анализирани домашни првенства во Европа (главно први лиги, но делумно и втори лиги во земјите) имале просечен посед на топката од 57 отсто во текот на таа победничка сезона, пишува во анализата на Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) од Швајцарија.
Процентот расте до 59 во категоријата прецизни додавања, а и до 60 за прецизни додавања во напаѓачката третина од теренот (пред голот на противникот).

Манчестер сити, Селтик и Шахтер се издвојуваат меѓу шампионите од минатата сезона со највисоки проценти во поседот на топката, а англискиот првак Сити е единствен со процент поголем од 68. Само 10 отсто од прваците од 35-те лиги топката ја имале во своите нозе помалку од 50 отсто од времето во текот од мечевите, и тоа Спартак Трнава, Стразбур, Ремс, АИК Солна, Митјиланд, Спал и Клуж, велат од ЦИЕС.

Ниту еден од тие 70 тима од анализата на ЦИЕС немал помалку додавања во напаѓачката третина од својот противник во сезоните кога ги освојувале титулите.