Данскиот репрезентативец ги посети соиграчите

Кристијан Ериксен, вчера ја напушти болницата во Копенхаген, а попладнево решил да ги посети соиграчите од данската фудбалска репрезентација. Тој се појавил на тренингот на националниот тим.

Ериксен, минатата сабота, колабираше во текот на натпреварот против Финска на Европското првенство. Десет минути го реанимираа на теренот, а потоа беше префрлен во болница. Пред три дена беше успешно опериран, лекарите му вградија дефибрилатор кој ќе ја следи работата на срцето.

Неговата денешна посета ги изненадила репрезентативците на Данска. На тренингот дошол со сопругата и со двете деца.

– Не знаев дека ќе дојде. Кога го видовме престанавме да тренираме. Изгледаше добро, беше добро расположен. Тоа не целата екипа и даде позитивна енергија. Можевме да го прегрнеме. Ова беше еден многу убав ден, тоа ни беше потребно – рекол данскиот репрезентативец Кристијан Норгард.