ФИФА го објави новиот извештај за глобалниот трансфер-пазар за 2018 година. Трошењето достигнало нов рекорд со 7,03 милијарди долари (10,3 отсто повеќе од 2017-та). Нов рекорд има и со 16.533 трансфери (скок за 5,6 отсто), вклучувајќи 14.186 фудбалери, 78,2 отсто од вкупната потрошувачка се случила помеѓу клубовите од Европа, Франција има најголем позитивен нето-биланс со 467,2 милиони, а Англија најголем негативен со 1,05 милијарда долари.