Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги предупреди новинарите дека за трофејот не одлучуваат само неговата екипа и Манчестер Сити, туку има и други тимови кои заслужуваат внимание.

– Немојте да ги заборавате Челзи, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Арсенал. Пред нас е една од највозбудливите сезони последните години во Премиер лигата. Мината сезона Сити имаше голема предност веќе во ноември. Сега не е така. И тоа е добро, особено за навивачите кои посакуваат неизвесност, изјави Клоп.

Ливерпул денес од 18:30 часот му гостува на Арсенал во 11 премиерлигашко коло.

На табелата Манчестер Сити и Ливерпул се на врвот со по 26 бода, Челзи има 24, Арсенал 22,…