Англиските фудбалери го слават голот на Кејн

Хари Кејн го постигна решавачкиот гол во победата над Данска од 2-1 по продолженија на лондонски „Вембли“, со која фудбалската репрезентација на Англија првпат се пласираше во финалето на Европското првенство.

Капитенот на англиската репрезентација ја искористи одбиената топка откако данскиот голман Каспер Шмајхел го одбрани неговиот пенал во 104-та минута од продолженијата. Тоа беше четврти гол на тековниот турнир за убоитиот напаѓач кој ги тресеше противничките мрежи во сите мечеви од нокаут-фазата (еднаш против Германија и двапати против Украина). Претходно Микел Дамсгард го отвори резултатот со гол од слободен удар во 30-та минута, а Англија израмни со автоголот на Симон Кјаер девет минути подоцна.

Кејн на тој начин се израмни со легендарниот Гери Линекер како најдобар англиски стрелец на големите натпреварувања (европски и светски првенства) со по 10 гола.

Тој ќе ја предводи Англија и во мечот за трофејот против Италија, в недела на „Вембли“.