Кепа Аризабалага му го донесе на Челси трофејот во Суперкупот на УЕФА бранејќи им два пенала на фудбалерите на Вилјареал, откако влезе од клупата за резерви на местото на Едуар Менди, токму за серијата удари од белата точка во финалниот меч одигран вечерва во Белфаст. Челси славеше на пенали со 6-5, а Кепа ги сопре ударите на Аиса Манди и на Раул Албиол. Единствено Каи Хаверц промаши за лондонските „сини“. Претходно Хаким Зиеш погоди за водство на актуелниот европски првак во 27-та минута, додека Џерард Морено изедначи во 73-та минута со гол за освојувачот на Лига Европа од минатата сезона.

Кепа Аризабалага (десно) го менува Едуар Менди во финалето

Шпанскиот голман се најде во слична ситуација како вечерва, но во спротивна улога, кога одби да биде заменет со Вили Кабалјеро пред изведувањето на пеналите во англискиот Лига куп во 2019 година.

Шпанскиот голман одби да му го препушти местото на Вили Кабалјеро во финалето на англискиот Лига куп во 2019 година

Англискиот клуб, пак, учествуваше во трите од вкупно 47-те финалиња на европскиот Суперкуп кои беа одлучени по изведување на удари од 11 метри, со што загуби од Баерн во 2013 и од Ливерпул во 2019 година.