Полудефанзивецот на Челзи, Н’Голо Канте одбил да ја добива платата во клубот преку офшор компанија, тврди „Медијапарт“.

Дваесет и седумгодишниот Французин на почетокот се согласил, но потоа го променил своето мислење и одбил да добива пари на сличен начин.

– Канте се предомислил и сакал да биде исплатен по нормален пат – пишува „Медијапарт“.

Канте премина во Челси во 2016 година. Како дел од „сините“, тој ја освои Премиер лигата и ФА Купот.

Во оваа сезона, Канте има 16 настапи за Челзи, а во нив постигна еден гол и една асистенција.