Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ по само една година помината во Милан, направи трансфер во Атлетико Мадрид и потпиша тригoдишен договор со шпанскиот клуб.

Вредноста на трансферот изнесува 15 милиони евра, а со овие средства Милан само делумно ќе го покрие неговото доаѓање од Фиорентина, кое изнесуваше 25 милиони евра.

Калиниќ мината сезона одигра 31 натпревар и постигна само шест гола за Милан, што беше далеку под очекувањата на италијанскиот клуб.

Тој летово ќе остане запаметен по тоа што беше вратен од Светското првенство во Русија, поради несогласувањата со хрватскиот селектор Златко Далиќ.