Манчестер јунајтед забележа убедлива победа над Рома од 6-2, со пресврт, откако губеше 1-2 на полувреме, додека Вилјареал го совлада Арсенал со 2-1, во првите полуфинални мечеви од фудбалската Лига Европа.

Во триумфот на Манчестер јунајтед се истакнаа Бруно Фернандеш и Единсон Кавани со по два гола и две асистенции.

Вилјареал, пак, останува единствената екипа без пораз во Лига Европа сезонава, но фудбалерите на шпанскиот тим вечерва можеа да остварат и подобар резултат, откако имаа водство од 2-0 и фудбалер повеќе на теренот од 57-та минута по црвениот картон за Дани Себалјос.

Гостите од Лондон, сепак, успеаја да постигнат важен гол, преку Николас Пепе од пенал во 73-та минута. А Вијареал исто така го заврши мечот со десетмина на теренот по исклучувањето на Етијен Капуе во 80-та минута.

Реваншите се играат наредниот четврток.

Лига Европа, први полуфинални мечеви

Манчестер ј. – Рома 6-2

Вилјареал – Арсенал 2-1