Единсон Кавани нема намера кариерата да ја продолжи во САД. 32 годишниот Уругваец, чии договор со Пари Сен Жермен истекува во јуни наредната година, ја одбил понудата од Дејвид Бекам да се приклучи во неговиот тим Интер Мајами.

Кавани по завршувањето на сезоната ќе го напушти Париз, иако не е исклучено дека тоа може да го направи и во јануарскиот преоден рок. Во тој случај ПСЖ ќе заработат одредена сума од неговиот трансфер, а Мауро Икарди ќе добие повеќе простор за игра.

Не е исклучено тој и да остане во ПСЖ, наводно му бил понуден нов договор, но јасно е дека би останал само доколку Нејмар замине од Париз, што од оваа перспектива делува како не реална опција.

Уругваецот го одбил Бекам бидејќи имал три понуди од врвни европски клуба.
Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Јувентус покажале сериозен интерес за Кавани. Според некои шпекулации најблиску до неговиот потпис бил Атлетико. Мпжноста била тој веќе во јануари да се пресели на „Ванда Метрополитано“, но само доколку Диего Коста го напушти клубот. Атлетико имаат проблем со ефикасноста, а тренерот Диего Симеоне верувал дека со Кавани ќе го реши проблемот.

Јувентус се надеваат дека ќе можат да го привлечат со фактот дека неговите деца живеат во Италија, но и дека тренер на клубот е Маурицио Сари со кого има работено во Наполи.

„Ел Матадор“ е играч на ПСЖ во последниве седум години. За „светците“ има одиграно 283 натпревари на кои постигнал 195 гола.