Фудбалската репрезентација на Италија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство совладувајќи ја Белгија со 2-1 во Минхен, за да ја забележи 15-та победа едноподруго (10 во квалификациите и пет на завршниот турнир). Белгијците до вечерашниот дуел имаа 14 победи во низа, сметајќи ги квалификациите и континенталниот шампионат.

Николо Барела во 31-та и Лоренцо Инсиње во 44-та минута беа стрелци за „аѕурите“, додека Лукаку погоди од пенал во судиското надополнување од првиот дел за Белгија.

Италија во полуфиналето во вторник ќе се сретне со Шпанија која претходно беше подобра од Швајцарија на пенали.

Во утрешните четвртфинални дуели играат Чешка – Данска (од 18 часот) и Англија – Украина (од 21 часот).