Фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на второто место во групата Ј од квалификациите за Светското првенство в година, во пресрет на последното коло, откако Романија вечерва ремизираше против Исланд 0-0 во Букурешт.

„Црвено-жолтите“ денеска беа убедливи против Ерменија со 5-0 на гости и сега имаат 15 бода на втората позиција, пред третопласираната Романија која има еден поен помалку. Македонија в недела го пречекува Исланд, додека Романците гостуваат кај Лихтенштајн во последната рунда од квалификациите.

Германија која претходно обезбеди пласман на Мундијалот како првопласирана во групата Ј, беше безмилосна против Лихтенштајн победувајќи со 9-0.

На СП 2022, Европа ќе ја претставуваат 13 фудбалски репрезентации. На Германија и на Данска, кои веќе се квалификуваа, в недела ќе им се придружат уште осум други победници во групите, вкупно 10. Преостанатите три европски места ќе бидат пополнети по плејофот што е закажан од 24 до 29 март, во кој ќе разигруваат 10-те второпласирани во групите и две селекции победници на групите во Лигата на нациите (ЛН) од сезоната 2020/2021, кои нема да се квалификуваат директно ниту пак се втори во групите од квалификациите.