Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско заздравува од операцијата на слепото црево, а според шпанските медиуми ќе биде подготвен да игра на популарното „Ел класико“ против Барселона.

Иско пред две седмици беше опериран, а во меѓувреме ги пропушти натпреварите со Севиља и двомечот со ЦСКА.

– Ми ги отстранија конците и со нетрпение чекам повторно да играм – соопшти Иско.

Натпреварот против Барселона е закажан на 28 октомври.