Иско (лево) ретко добива прилика да игра откако Сантјаго Солари ја презема тренеската функција

Шпанскиот фудбалер за врска на Реал Мадрид, Иско, повторно не се избори за место во тимот кој ќе се соочи со Валјадолид, во вечерашниот меч од 27-то коло на шпанската Примера (од 20.45 часот).

„Кралевите“ имаа лоша недела, откако беа елиминирани од Купот на Шпанија и од Лигата на шампионите, а заостанаа и во трката за шампионската титула во националниот шампионат. Во натпреварите со Барселона и со Ајакс, Иско одигра само 14 минути како резерва.

Иско ретко добива прилика о првиот состав, а од неодамна останува се почесто останува и надвор од тимот, откако Сантијаго Солари ја презема тренерската позиција.

– За да ​​игра, прво мора да биде во форма – рече Солари на прес-конференцијата пред мечот на „Хозе Сорија“.