Томас Бах

Околу 650 милиони долари се за организација на ЛОИ в година, а 150 милиони за поддршка на меѓународните спортски федерации и национални олимписки комитети

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) очекува трошок од 800 милиони долари поради одложувањето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио за в година, објави ИОК на својата интернет-страница. Во март ИОК и јапонската влада одлучија да ги одложат ЛОИ за една година поради пандемијата на коронавирусот.

Од овој финансиски пакет околу 650 милиони долари ќе одат за организација на одложените Игри следната година, а 150 милиони долари ќе бидат наменети за поддршка на меѓународните спортски федерации и националните олимписки комитети.
– Олимпиското движење се соочува со невиден предизвик. ИОК треба да организира одложени ЛОИ, првпат досега, и треба да им помогне на засегнатите страни да ја поминат оваа глобална криза. Оваа нова ситуација бара солидарност, креативност, решеност и флексибилност. Вонредните околности бараат вонредни мерки. Оваа ситуација бара секој од нас да даде своја улога, а тоа важи за сите нас, вклучувајќи го и ИОК. Со овие финансиски планови, ние се справуваме со овие потреби – вели претседателот на Интернационалниот олимписки комитет Томас Бах.