Пари Сен Жермен и Башакшехир го напуштија теренот од нивниот меч во Лигата на шампионите, откако го обвинија четвртиот судија од Романија дека ги навредувал расистички фудбалерите кои се наоѓале на клупата за резерви на турскиот клуб.

Инцидентот наводно се случил кога четвртиот судија го нарекол Демба Ба, „негро“ – (црн – н.з). Мечот е прекинат при резултат 0-0 во првото полувреме. Уште не е познато дали ќе продолжи вечерва.