Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино доби значителна поддршка во неговата кампања за повторно да биде избран за шеф на централата на конгресот следната година.

Фудбалската конфедерација на АСЕАН – која ги обединува земјите од Југоисточна Азија, објави дека сите нејзини членови изразиле поддршка за Инфантино. Регионалната група вклучува 12 земји, вклучувајќи ги Австралија, Тајланд, Индонезија, Виетнам.

Вкупно 211 земји ќе бираат претседател на ФИФА на изборен конгрес на 5 јуни во Париз следната година.

За сега, се чини дека Инфантино има целосна поддршка на секој континент или регионална федерација надвор од Европа. Италијанецот изгледа фаворит до моментов, а крајниот рок за доставување на кандидатурите е 5-ти февруари.

Ако биде избран, Инфантино ќе го добие својот прв целосен мандат откако го презеде управувањето на светскиот фудбал во 2016-та година, за да го доврши мандатот на Сеп Блатер. 83-годишниот Швајцарец беше принуден да поднесе оставка, откако обвинителството на САД започна истрага за корупција на највисоко ниво во ФИФА.