Италијанскиот репрезентативец и фудбалер на Лацио, Чиро Имобиле беше нападнат со нож од фан додека одмарал на плажа во друштво на семејството и пријателите.

Според „Газета дело спорт“, Имобиле бил на плажа во близина на Киети, а непознат човек почнал да упатува закани кон негов пријател.

Во моментот кога Имобиле му пристапил на човекот, тој се обидел да го нападне со нож.

Подоцна, полицијата соопшти дека напаѓачот бил уапсен.

Тој е еден од фановите на италијанските тимови на кои им е забрането да присуствуваат на натпревари поради учество во голем број инциденти.

Дваесет и осумгодишниот Имобиле е најдобриот стрелец во Серија „А“ за минатата сезона. Тој постигна 29 гола, исто како и Мауро Икарди од Интер.