Илјадници навивачи на Манчестер јунајтед протестираа против американските сопственици на клубот, семејството Глејзер, во пресрет на попладневното дерби против Ливерпул на „Олд Трафорд“, во рамки на англиската фудбалска Премиер-лига. Дел од навивачите упаднаа и на теренот на „Олд Трафорд“.

Движењето доби на сила меѓу навивачите по неуспешниот обид да се формира европската Суперлига. Околу илјада навивачи веќе протестираа минатата сабота, четири дена по повлекувањето од Суперлигата, барајќи заминување на Глејзери, а потоа следниот ден се појавија и на тренингот на тимот, каде што разговараа со менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Овој пат тие ги пречекаа и фудбалерите пред нивниот хотел во Лаури, а потоа продолжија и пред славниот стадион. Најавите велат дека ќе има најмалку 10.000 навивачи.