Фудбалерот на Интер, Мауро Икарди, призна дека неговата иднина во клубот е доведена во прашање.

– На крајот од сезоната ќе разговарам со раководството. Ако е добро за тимот да останам, тогаш ќе останам. Во спротивно ќе си барам нов клуб. Секогаш го правам она што е најдоброто за тимот иза клубот – истакна Икарди.

Капитенот на Интер не губи надеж дека тој и неговите соиграчи ќе успеат да се изборат за место во Лигата на шампионите (ЛШ). На „нероаѕурите“ им е неопходна победа на гостувањето против директниот конкурент Лацио, во последното коло, за да обезбедат учество во ЛШ следната сезона.