Мауро Икарди е непожелен кај новиот тренер на Интер Антонио Конте. Соочен со таквата ситуација тој има желба да го напушти клубот, а неговиот прв избор е Јувентус.

Според шпекулациите во Италија, челниците на „старата дама“ биле подготвени да понудат најмногу 60 милиони евра за Икарди, што нема да ги задоволи апетитите на Интер.

Но, во Интер исто така биле свесни дека нема да добијат 100 милиони евра за напаѓачот.

Од друга страна Икарди им поставил рок на челниците на Јувентус, бидејќи не сакал наредната сезона да ја мине на трибините.

Икарди ќе го чекал Јувентус до 10 август, а доколку клубот од Торино не реагира тогаш тој би ја прифатил понудата на Наполи.