Новиот напаѓач на Челзи, Гонзало Игуаин, кој официјално ќе потпише договор со клубот за неколку часа, нема да може да дебитира во утрешното дерби со Тотенхем од полуфиналето на Лига Купот. Причината за ова е дека тимот од Лондон не успеа да го пријави навреме Аргентинецот, за да може тој да учествува во утрешниот дуел.

Тоа требаше да се случи во 13,00 часот по македонско време, но „сините“ го пропуштија терминот. Веста ја потврди менаџерот на тимот Маурицио Сари.

– Договорот на Игуаин ќе биде потпишан во следниве неколку часа. Невозможно е тој да игра утре. Се надеваме дека тој ќе ни донесе многу голови. Многу е тешко во јануари да најдеш еден од најважните напаѓачи во светот. Затоа мислам дека клубот заврши многу добра работа – рече Сари.

Напаѓачот, кој досега играше како позајмен во Милан, ќе биде привлечен во Челзи на позајмица до крајот на сезоната, по што рокот може да биде продолжен за уште 12 месеци.

Тој пристигна во Лондон ова утро и наводно ги поминал лекарските прегледи.