Светската фудбалска федерација (ФИФА) може да го забрани евентуалниот настап на Златан Ибрахимовиќ (36) на Светското првенство ќе се одржи во Русија во јуни.

Доколку напаѓачот на Лос Анџелес Галакси се најде на списокот од шведскиот национален тим, можно е да добие забрана за настап на Мундијалот бидејќи има договор за соработка со една букмејкерска компанија.

Според правилата на ФИФА забрането е учество на светски првенства на лица поврзани со удели. Ибрахимовиќ одби да се произнесе на оваа тема.

Тој објави крај на репрезентативните настапи по ЕП 2016, но откако Шведска обезбеди пласман на Светското првенство во Русија, Ибрахимовиќ на крајот од 2017 година призна дека може да игра на Мундијалот.