Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ не планира да ја напушти МЛС лигата и да се врати во Европа.

– Имам договор со Лос Анџелес Галакси. Во зима, не планирам да заминам на позајмица во европски клуб, ова не е потребно. Ако еден фудбалер припаѓа на еден клуб, тогаш тој мора да го фокусира своето внимание на играњето таму – вели Ибрахимовиќ.

Оваа сезона Ибрахимовиќ настапи на 34 натпревари, постигна 23 гола и оствари седум асистенции.