Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, нема да настапи на претстојното Европско првенство откако го повреди коленото минатата недела во дербито на италијанската Серија А против Јувентус.

Прегледите кои ги направил Ибрахимовиќ покажале дека не ги скинал лигаментите во коленото, но дека ќе мора да мирува три недели. Бидејќи Ибрахимовиќ мора да мирува речиси до почетокот на ЕП 2020, Швеѓаните одлучиле тој да не биде дел од националниот тим.

Ибрахимовиќ, во март против Грузија, се врати во репрезентацијата по пауза од пет години. Ибрахимовиќ е апсолутен рекордер во Шведска со 118 настапи и 62 постигнати гола.

Шведска на ЕП 2020 ќе се натпреварува во групата E, заедно со Шпанија, Полска и Словачка.