Холандија со голот на Вирџил ван Дајк во судиското продолжение успеа да остане непоразена во дуелот на гости против Германија (2-2) со што си обезбеди место на финалниот турнир во фудбалската Лигата на нациите (ЛН).

Претходно тоа им успеа на Португалија, која ќе биде домаќин на турнирот во јуни 2019-та, Англија и на Швајцарија. Ждрепката за полуфиналните двојки е закажана за 3 декември во Даблин, Ирска. Полуфиналните натпревари треба да се играат на 5 и на 6 јуни, а мечот за трето место и финалето, по кое ќе биде познат првиот победник во ЛН се на 9 јуни.

На ниту една од четирите репрезентации финалисти не им е загарантирано место во завршницата на ЕП 2020. Доколку сите четири не обезбедат пласман преку регуларните квалификации, ќе настапат на уште еден плејоф-турнир, во март 2020-та. Доколку, пак, сите обезбедат настап во завршницата преку квалификациите, тогаш шанса ќе добијат нови четири репрезентации според пласманот во Лигата на нациите.


ПЛАСМАНИ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ
ЛИГА А
Фајналфор: Португалија, Англија, Швајцарија и Холандија
Испаѓаат во лига Б: Германија, Исланд, Полска и Хрватска
ЛИГА Б
Плејоф за ЕП: БиХ, Украина, Данска, Русија или Шведска
Испаѓаат во лига Ц: С. Ирска, Р. Ирска, Турција и Словачка
ЛИГА Ц
Плејоф за ЕП: Финска, Норвешка, Израел или Шкотска, Србија или Романија
Испаѓаат во лига Д: Словенија, Литванија, Естонија и Ц. Гора или Кипар
ЛИГА Д
Плејоф за ЕП: Македонија, Грузија, Белорусија и Косово или Азербејџан
податоците се пред синоќешните мечеви