Фудбалскиот судија од Ужице, Ненад Ѓокиќ, доби бројни закани по 158. вечно дерби во кое го призна контроверзниот гол на Ричмонд Боачи.

Ѓокиќ важи за еден од најдобрите српски судии. Тој му сигнализираше на Данило Грујиќ дека топката по ударот со глава на Боачи ја помина замислената гол линија.

– Не можам ни сам да избројам колку навредливи и заканувачки пораки добив. Не се плашам од никого и од таа причина ништо не сум пријавил во полиција. Ако ми наштетат мене и на моето семејство, државата нека си го работи тоа за што е задолжена, а мене ќе има кој да ме одмазди – потенцира Ѓокиќ во изјава за српските медиуми.