Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен е пуштен од болницата во Копенхаген по успешната операција на која му беше имплантиран апарат, т.н. „срцев стартер“, познат и како кардиовертер дефибрилатор (ИКД), откако во саботата колабираше во првото полувреме од мечот Данска-Финска на Европското првенство. Тој веднаш ја посети данската репрезентација, пред да се врати дома со своето семејство.

– Благодарам за огромниот број на поздрави кои ги добив, тоа беше неверојатно да се види и да се почувствува. Операцијата помина добро и се чувствувам добро со оглед на околностите. Беше фантастично да се видат момците по одличниот меч против Белгија и ќе гледам и ќе навивам в понеделник против Русија – вели Ериксен.