Тимот на Арсенал денеска му гостува на Челзи во натпревар од второто коло на Премиер лигата, а менаџерот на „топџиите“, Унаи Емери ги бара варијантите кои ќе му помогнат за успех.

– Постојат варијанти Обамејанг и Лаказет да играат, бидејќи го пробавме тоа во предсезонските подготовки, а исто така и минатата сезона. Се обидуваме различни нешта на тренинзите. Секој натпревар е различен, па можностите се различни. За мене поентата е да се најде добар баланс за она што го бараме и во нападот и во одбраната – изјави Унаи Емери.

Наследникот на Арсен Венгер додаде и дека ќе се потпира на секој играч во тимот.

– Сакам да им дадам на сите шанса, бидејќи ќе ни треба секој играч, истакна менаџерот на тимот од Лондон.