Нов менаџер на Арсенал ќе биде Унаи Емери, пренесе Би-Би-Си, наведувајќи дека разговорите на раководството на премиерлигашот со младиот шпански тренер Микел Артета не завршила позитивно.

Се очекува денеска или утре и официјално Арсенал да го промовира досегашниот тренер на ПСЖ.

Емери(46) претходно работеше во Лорка, Алмерија, Валенсија, Спартак Москва и Севиља со која има три трофеи во Лига Европа.