Други двојки се Арсенал – Бенфика, Реал Сосиедад – Манчестер јунајтед, Црвена звезда – Милан, Лил – Ајакс, Славија – Лестер итн.

ЛИГА ЕВРОПА – ЖДРЕПКА

Италијанскиот прволигаш Наполи, за кој настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, ќе игра со шпанската екипа Гранада во шеснаесеттинафиналето во Лига Европа (ЛЕ), реши ждрепката влечена во Нион, седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА). Динамо Загреб (Хрватска), пак, тимот на уште еден македонски репрезентативец, Аријан Адеми, за противник го доби руски Краснодар, кој како третопласиран во групата Е во Лигата на шампионите (ЛШ) сезонава, натпреварите во Европа ги продолжува во Лига Европа.
– Гранада е силен тим, ќе биде тешко – изјави тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо по ждрепката.

Како поинтересни може да се издвојат дуелите Арсенал – Бенфика, кои беа меѓу најефикасните тимови во групната фаза, со 20, односно со 18 гола, потоа помеѓу лидерот во шпанската Ла лига, Реал Сосиедад, и Манчестер јунајтед, кој беше елиминиран од ЛШ, потоа Црвена звезда – Милан, Лил – Ајакс, Славија – Лестер итн.
Како и во Лигата на шампионите, и во Лига Европа ждрепката беше полудиригирана и во оваа рунда меѓу себе не играат тимовите што играа во иста група сезонава во Лига Европа или од иста земја. Првите натпревари од шеснаесеттинафиналето треба да се играат на 18 февруари, а реваншите на програмата се на 25 февруари 2021 година. 


ДВОЈКИ

Волфсбергер – Тотенхем
Динамо К. – Бриж
Сосиедад – Манчестер Ј.
Арсенал – Бенфика
Црвена звезда – Милан
Антверпен – Ренџерс
Славија – Лестер
Салцбург – Вилјареал
Брага – Рома
Краснодар – Динамо З.
Јанг бојс – Баер
Молде – Хофенхајм
Гранада – Наполи
Макаби ТА – Шахтар
Лил – Ајакс
Олимпијакос – ПСВ

првите мечеви се на 18 февруари, а реваншите на 25 февруари 2021 година