ФУДБАЛ – СПОРЕД „ДЕЛОИТ“

Дваесетте клуба имаа комбиниран приход од повеќе од пет милијарди фунти првпат во сезоната 2018/2019, пишува „Би-би-си“

Клубовите во англиската фудбалска Премиер-лигата може се соочуваат со намалување од една милијарда фунти во приходите за сезоната 2019/2020, поради пандемијата на коронавирусот, вели фирмата за финансиски услуги „Делоит“, пренесе „Би-би-си“. Дваесетте клуба имаа комбиниран приход од повеќе од пет милијарди фунти првпат во сезоната 2018/2019. Но сезонава е во мирување од март, а 92-те преостанати натпревари треба да се одржат без публика.

Ден Џонс од „Делоит“ очекува и „значително намалување на приходите и загуби во работењето“ во европскиот фудбал. Од „Делоит“ велат дека намалувањето на 500 милиони фунти за клубовите во Премиер-лигата од радиодифузерите и загубата од дневните приходи за време на одржување на мечевите ќе бидат „трајно изгубени“, а остатокот „одложен“ до сезоната 2020/2021 доколку завршат оваа и следната сезона.

Некои точки од годишниот преглед на „Делоит“ за финансиите во фудбалот: приходите на клубовите во Премиер-лигата се искачија на 5,2 милијарди фунти во сезоната 2018/2019, за седум отсто повеќе во однос на претходната сезона; „големите пет“ европски лиги (Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција) генерираа рекордни приходи од 15 милијарди фунти, скок за девет проценти; вкупниот оперативен профит од работењето на клубовите во Премиер-лигата падна за пет отсто, на 824 милиони фунти; 92 клуба од Англија генерираа рекордни приходи од 6,2 милијарди фунти итн
Сите три дивизии на англиската фудбалска лига (Чемпионшип, Лигата 1 и Лигата 2) остварија рекордни приходи во сезоната 2018/2019, достигнувајќи комбинирани една милијарда фунти првпат, пишува „Би-би-си“.