Гестот што го направи Кристијано Роналдо на прес-конференцијата пред натпреварот од Европското првенство помеѓу Португалија и Унгарија, уште еднаш покажа колкава моќ имаат фудбалските ѕвезди.

Капитенот на Португалија, на почетокот на прес-конференцијата, ги тргна шишињата „Кока-Кола“ кои беа поставени пред него. Оваа компанија е еден од главните спонзори на ЕП 2020. Откако ги тргна шишињата, Роналдо упати кратка порака – пијте вода.

За многумина ова беше еден симпатичен гест, но на компанијата „Кока-Кола“ и зададе причини за загриженост. Гестот на Роналдо придонесе вредноста на компанијата на берзите да падне за четири милијарди долари.