Атлетико Мадрид е уште еден клуб што покажал сериозен интерес за услугите на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, објавија турските медиуми. 

Фенербаче, поради финансиските проблеми веројатно ќе биде принуден да продаде неколкумина фудбалери во летниот преоден рок, а меѓу ние е и македонскиот репрезентативец. Неговата вредност на фудбалскиот пазар се проценува на 15 милиони евра, а покрај Атлетико заинтересирани за него се Севилја, Тотенхем, Лестер…

Италијанскиот интернет-портал „Калчомеркато“ неодамна пренесе дека за трансфер на Елмас заинтересирани се и шпански Реал Мадрид и италијански Лацио.

Челниците на Атлетико и тренерот Диего Симеоне, според турските медиуми, биле подготвени на колегите од Фенербахче да им понудат размена, односно тие во замена за Елмас биле подготвени во Турција да го испратат Хрватот Никола Калиниќ.

Елмас е играч на Фенербахче од 2017 година.