Премиерлигашот Евертон по само шест месеци му даде отказ на менаџерот Сем Алардајс. Најголемите забелешки на сметка на Алардајс беа поради декадентниот стил на игра што тој го протежираше и кој наиде на негативни реакции кај навивачите. Како наследник на Алардајс (63) се спомнува Португалецот Марко Силва (43), поранешниот менаџер на Хал и на Вотфорд, кој беше прва опција по смената на Роналд Куман.