Играчот за врска на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија сака да се врати во Шпанија, во тимот на Атлетико Мадрид.

Како што пренесува „АС“, Аргентинецот е близу до трансфер во Атлетико.

Според изворот, самиот играч би сакал да работи под водство на тренерот на „јорганџиите“ и негов сонародник Диего Симеоне.

Исто така, и тренерот е заинтересиран за услугите на Ди Марија, кој минатата сезона одигра 45 натпревари и постигна 21 гол.

За Ди Марија интерес покажува и Наполи, екипа што има големи амбиции за новата сезона.