Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев останува во дресот на Арсенал, откако клубот потврдил дека македонскиот голман го продолжил договорот за уште две години.

Илиев на „Емирати“ дојде од струмичка Брегалница.

Македонскиот голман имаше одлична сезона во Арсенал и стандардно бранеше во младинскиот У23 тим со кого ја освои шампионската титула во развојната лига до 23 години.