Тотенхем – Барселона е дербито на 2-то коло во групите од А до Д во фудбалската Лига на шампионите, вечерва. Наедно, тоа ќе биде дуел и на одличните голгетери од минатата сезона, Хари Кејн кај англискиот тим, кој лани во домашното првенство постигна 30 гола и Лионел Меси, кој со 34-те гола во шпанскиот шампионат ја освои „златната копачка“ на Европа, петти пат во кариерата. Внимание привлекува и дуелот Наполи – Ливерпул, во најсилната група, Ц, во која уште се и Пари сен Жермен и Црвена звезда. Два од осумте меча денеска почнуваат од 18.55 часот (Локомотив – Шалке и Пари сен Жермен – Црвена звезда).