Со трите меча денеска од 13 часот и едниот од 16.30 часот почнува четвртфиналната фаза од фудбалскиот Куп на Македонија. Во првиот термин се закажани средбите Шкендија – Работнички, Шкупи – Академија Пандев и Струга – Ренова. Од 16.30 часот треба да се игра единствениот дуел во кој се среќаваат второлигаши, Брегалница и Лабуништа. Реваншите се предвидени за 4 март идната година.