Холандија вторпат игра на СП и ќе настапи во првото финале

Холандија и САД ќе се сретнат в недела во финалето на СП во фудбал за жени

Фудбалерките на Холандија првпат ќе играат во финале на светско првенство (СП) по минималната победа во полуфиналето над Шведска (1-0), на Мундијалот што се игра во Франција.

Холандија, која е актуелен европски првак и само вторпат настапува на мундијалите, во финалето в недела во Лион, ќе се сретне со САД, кои се, исто така, континентални првенки, но и ја бранат светската титула и важат за фаворити во тој меч.

Американките во полуфиналето на СП 2019 ја совладаа Англија со 2-1.

Ова е осмо женско светско првенство (првото се одржа во 1991 година во Кина), а најуспешни се Американките со три титули, освоени во 1991, 1999 и во 2015 година. Две светски титули има Германија (2003 и 2007), а по една Норвешка (2011) и Јапонија (2011).

Покрај пехарот победникот ќе заработи и четири милиони долари, двојно повеќе отколку на минатото СП.